11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

ЈП-ја се на голем удар од кризата. Административци  ќе има се помалку

ЈП – ја трпат големи удари од  енергетската криза и се во најтешка ситуација од нивното постоење.  Цената на струјата и останатите енергенси , менаџерските тимови ги тераат  да мислат брзо и рационално.

За првпат, по многу години , прстот се вперува во рационализирање на бројот на вработени,  со акцент на администрацијата.

ЈП „Исар“ –  Штип во моментов има околу 300  вработени и идната стратегија на вработување  е исклучиво на теренскиот кадар. Вработувања во администрацијата не се планира.

Речиси идентично решение од длабоката криза се бара и во ЈП„ Брегалница“ од Делчево.

Во моментов, тешката ситуација , веројатно, се отсликува во ЈП „Солидарност“ од Виница каде проблеми има повеќе отколку кај другите. Таму, долгот достигна 70 мил. денари. Пари нема за плати, здравствено осигурување, струја и други основни трошоци, но бројот на вработени од доаѓањето на новата власт е зголемен.

За деновите што претстојат, вработените се подготвуваат за штрајк, а градоначалникот Миле Петков и директорот Илија Јованов како мислат да го решаваат проблемот, не откриваат.

Во Источниот регион има 11 јавно комунални претпријатија со околу 1.500 вработени.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles