16.6 C
New York
Saturday, September 24, 2022

Buy now

spot_img

Соопштение од Мебел-Ви Дооел Виница

Предмет:  Поставен камен темелник на новиот продажен центар на Мебел-Ви во Струмица

Датум: 11.05.2022

Со задоволство ја известуваме јавноста дека отпочна со изградба новиот, најголем, продажен центар на Мебел-Ви, кој ќе биде лоциран во Струмица.

По завршувањето на подготвителните активности, вчера 10.05.2022, беше поставен камен темелник на новиот ултра модерен салон за мебел. Објектот е планиран да биде со површина од 4.000м2 што го прави еден од најголемите продажни објекти во државата.

Остануваме на определбата да бидеме прв и најдобар избор за квалитетен мебел на потрошувачите во Македонија и со ова значително ја доближуваме нашата понуда до уште поголем број корисници. Ова е 8миот продажен салон на нашата компанија и заедно со него вкупната изложбена површина, на располагање на потрошувачите, се искачува на 22.000 метри квадратни што не прави лидер на пазарот во државата, но и во регионот.

Новата инвестиција доаѓа во годината кога го прославуваме нашиот јубилеј 25 години постоење, и значително ќе придонесе во збогатување на целокупната понуда на пазарот на мебел и секако ќе внесе дополнителна свежина и бенефиции за граѓаните во Струмичкиот регион. Нашата стратешка цел е понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет, квалитетен мебел кој е достапен и блиску до потрошувачите.

Благодариме на сите што сте дел од семејството на Мебел-Ви! Нашата Мисија од секогаш е создавање на уникатен препознатлив дизајн, професионализам и специјализација во работењето и постојано инвестирање во квалитетот.

Продолжуваме заедно со Вас да растеме и да се развиваме.

Со почит,

Мебел-Ви Дооел Виница

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,500FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles