Владата на Србија денеска одлучи да дозволи извоз на брашно бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар. Се посочува дека слободниот извоз на брашно ќе има повеќекратно позитивно економско влијание на домашниот пазар, ќе доведе до поголемо вработување во домашните преработувачки капацитети и ќе им овозможи на мелниците да обезбедат пари за откуп на новата реколта.