11.5 C
New York
Wednesday, September 28, 2022

Buy now

spot_img

Пиперката е најзастапен зеленчук кај нас, а истовремено и најбогат со витамин Ц

Почнува сезоната на летните зеленчуци и овошја, меѓу кои најзастапени се пиперките кои денес изобилуваа на штипскиот пазар. според нашата традиција, ниту една македонска кујна не може да се замисли без нив.

Истото го потврдуваат и оние кои произведуваат и продаваат, пласманот е голем а варијации во цената ќе има.

Сепак за овој период од годината цената на пиперките е прифатлива и за купувачите.

Пиперките дефинитивно се вбројуваат во најзастапените зеленчуци на нашите трпези. Македонија има особено погодни почви за култивирање на високо-квалитетни сорти  пиперки, како феферони, бабури, чили, зелени пиперки, ајварки итн. Сите сме слушнале дека пиперките се можеби најбогатиот природен извор на витамин Ц. Побогати и од лимонот и портокалот.

Освен пиперката на штипскиот пазар се бараше од секој вид на летен зеленчук и овошје, а цените беа следни:

Компир 50 ден/кг, млад кромид 15 ден врзеничка, млад лук 15 ден врзеничка, домат 100 ден/кг, краставица 30 ден/кг, банана 65 ден/кг, јаболко 20-40 ден/кг, лимон 60 ден/кг, зелка 15 парче и пиперка 100 ден/кг.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,506FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles