Континуиран недостаток на вода се случува на повеќе места централното градски подрачје во Штип. Најголеми проблеми се појавуваат на ул Борко Талев, каде реакциите на граѓаните се се погласни.
Проблемите во овој дел од градот во последните денови на Исар му одзедоа многу време и напори , а проблемот се уште стои:
Сепак, Борко талев не е единственото проблематично место кое Исар го става пред свршен чин. Водоводната мрежа во Штип е во катастрофална состојба и веројатно времето за генерално решавање на проблемот е дојдено.
Во меѓувреме, од Исар убедуваат дека на сите случаи ќе работат 24/7, а директорот Трајќе Здравков го повикува граѓаните да ги пријавуваат сите дефекти.