Аеродромот во Скопје е „исклучително важна“ рута за Љубљана што треба да се обнови, велат претставници на љубљанските аеродромски власти за специјализираниот сајт за авиосообраќај „Ексјуавиејшн“. Сајтот посочува дека Скопје и Љубљана се двата најпрометни неповрзани аеродроми на територијата на поранешна Југославија, кои останаа без директна авиолинија по пропаѓањето на словенечката авиокомпанија „Адрија Ервејс“.