Утре почнува судењето на Хрватот В.П. кој беше уапсен од руските сили на почетокот на мај во близина на Мариупол. Нему ќе му се суди пред судот на самопрогласената Народна Република Доњецк, за учество во конфликтот во улога на платеник и уривање на уставниот поредок, за што се предвидени казни доживотен затвор и смртна казна.