Сода бикарбона е една од намирниците со најширока примена. Многумина ја користат во своето домаќинство за чистење, но таа прави чуда и за вашиот организам.
Со правилна употреба на оваа намирница, ќе го искористите максимумот од нејзините бенефити. Покрај тоа што може да се користи за чистење, за детокс на организмот, како и во исхраната, содата е одлична и кога станува збор за негата, а особено е корисна за масна кожа.
Ако имате проблем со темни подочници, а уморот дополнително ја влошува состојбата, испробајте го овој раствор од сода бикарбона и вода.
Во 2 децилитри топла вода додајте 1 лажичка сода, добро промешајте и натопете неколку тупфери во растворот. Поставете ги под очите, оставете да делуваат 10 минути, па измијте со млака вода.