Синусит е воспалување на носната шуплина. Најчести причини се висрусна, бактериска, гливична инфекција,но и алергиите знаат да бидат основата за негова појава.
При лекувањето, лекарите се среќаваат со два типа на синусити, хронички и акутни.
Рентгенската слика и магнетната резонанца на глава ја даваат најпрецизната дијагностика за појава на синуситот. Не постои дел од годината кога нивната појава е најчеста.Тоа значи,во секој период од истата можат да бидат проблем по здравјето на човекот.