Краткотрајно , но силно невреме направи огромни штети на земјоделските посеви и лозја во Новоселани, село во општина Чешиново Облешево. Тамошните земјоделци тврдат дека вакво спојување на небото и земјата досега не виделе, а штетите се најголеми кај оризовите насади и овошките.
Од утринава , земјодлеци од ова село помош веќе побарале и од Општината.
Во изминатите денови, Регионот но и цела држава се зафатени од поројни врнежи од дожд и силни ветрови, а штети има во неколку општини и тие главно се на однесени покриви, поплавени на подрумски простории и земјодлески површини.