Делови од Градскиот парк пробно беа чистени со вода под висок притисок. Според Општина Кочани ваквиот начин на машинското чистење со воден притисок се покажало успешно, за разлика од претходно користените машини за чистење на гранитните плочки во Трговскиот центар. Според најавите, Општина Кочани ќе пристапи кон јавна набавка на индустриски вап-машини со кои континуирано ќе се одржува хигиената на јавните подни површини.