Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница донесе нова одлука за цените на горивата во малопродажба со која се врши нивно зголемување.
Најголемо поскапување ќе има кај дизелот кој поскапува за 3 денари и ќе се продава по цена од 101,5 денари за литар. Поскапување ќе има и кај бензините за 0,5 денари за литар. Со оваа измена Еуросупер 95 ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер 98 ќе се продава по цена од 92 денари.
Ова е првпат дизелот да биде поскап од бензинот за 12 денари по литар.