800 евра за MW/h е цена за пропаст на сите компании . Кои од нив ќе ја преживеат , а кои ќе застанат со работа неможејќи да го издржат големиот финансиски удар.
Едно од засолништата на компаниите е итно инсталирање на фотоволтаици на кровните конструкции , нешто кое во Штип и Регионот веќе се прави, но дали сите компании за тоа имаат пари и дали навреме сопствената струја ќе ја имаат на располагање.
Во меѓувреме, очите на сите им се на берзите , очајно очекувајќи пониски цени и спас.
Со оглед на стопанската структура и финансискиот потенцијал , први на удар се трудоинтензивните компании.
Сепак, освен компаниите од овој сектор, енергетскиот удар не можат да го поднесат и компании од други, моќни сектори. Директно или индиректно, сите тие признаваат немоќ наспроти енормните сметки за струја. Некои од нив, веќе добија сметки во износи од 50 до 150.000 евра што е десеткратно повеќе од досегашното.
Ова се цени кои ниеден бизнис самостојно не може да ги апсорбира. И по цена на загуби нема да може бидејќи сумите се вртоглави, а патот кон пропаста е сѐ поизвесен, истакна менаџерот на виничкиот кондиторски гигант Макпрогрес.