Жител и бизнисмен од Кочани на својот ФБ профил објави апсурдна сметка за струја која треба да ја пати до 6 септември. Според неа, за потрошена електрична енергија треба да плати 71 000 денари, а за пренос и дистрибуција неверојтни 384.509,32 денари.
„Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар, а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ќе се чудите кој ќе ви помогне!!! П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“
Како ЕВН дојде до оваа сметка и каде е проблемот, за вакви и слични случаи вчера објаснуваше претседателот на Регулаторна комисија , Марко Бислимовски.
Поради високата цена на преносот на електрична енергија, Комората з аенергетика вчера побара одземање на лиценцата на ЕВН.