Општина Штип распиша јавен повик за превозник кој ќе го организира линискиот превоз во Општината. Договорот би бил со важност од 5 години, а субвенциите од страна на општината се во висина од 30 до 80 денари по изминат километар во зависност од линијата. Краен рок за поднесување на понудите е 19. септември до 12.00 часот, а отворањето е предвидено за еден час подоцна.