Дваесет и четири земјоделски стопанства ќе ја искористат мерката за финасиска поддршка во набавка на силоси со капацитет до 25 тони за складирање на јачмен, овес, ‘рж, тритикале и пченка по априлскиот јавен повик од Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,, информира Министерството за земјоделство. Максималниот износ на финансиската поддршка е до 1.000.000 денари по корисник, во форма на кофинансирање до 75 отсто од вкупната вредност на набавката.