Просечната инфлација во периодот јануари – август 2022 година изнесува 11,6% на годишно ниво и главно произлегува од надворешни фактори на страната на понудата, соопшти Народната банка. Најголем придонес за растот на домашната инфлација има порастот на увозните цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електричната и топлинската енергија.