Сопружници од Виница ќе лежат по 100 дена затвор заради непочитување на полициски час во пандемијата. Затворската казна ќе се ефектуира, бидејќи семејството немало пари да ги плати изречените казни од по 2.000 евра.
Шериф и неговата сопруга Ќефсер Демирова се социјални случаи и ниту имале пари за адвокат ниту знаеле со кого да се консултираат кога им била изречена казната, па ги испуштиле сите рокови за жалба.
Токму ова, според невладината КХАМ целиот случај го прави дискутабилен и во најмала рака некоректен кон Демирови.
Во моментов, Демирови чекаат решение за извршување на казната, но и бараат начин да ги згрижат трите малолетни деца и да обезбедат грижа за нив, додека тие ја отслужувата казната за прекршување на полицискиот час.