Пратеникот на Самоопределување, Мефаиљ Бајчиновци, изјави дека Косово е подготвено и има доволно оружје да одговори на евентуален напад, пренесува „Репортерс“.Косово е подготвено за секаков напад. Владата, полицијата и безбедносните агенции се подготвени. Вооружени сме и имаме финансиски средства“, рече Бајчиновци. Албин Курти во последните месеци често ги повторуваше во медиумите своите изјави за можна војна на Косово и обвинувањата против Србија.