Организацијата на работодавачи на Македонија бара до 31 октомври 2024 година да продолжи примената на Законот за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата. Барањето го образлагаат со моменталната економска и енергетска криза кога компаниите се соочуваат со енорно зголемени трошоци за производство и ги прават сите напори да останат конкурентни на пазарот и да ги задржат работните места.