Физичката настава е незаменлива и општините , а пред се, Државата треба да ги обезбедат сите услови таа во оваа учебна година да се изведе без алтернатива, смета Весна Јаневска универзитетски професор и претседател на Комисијата за образование на ВМРО ДПМНЕ:
Без никаква дилема, наставата со физичко присуство е најдобрата и најефективна форма во која треба да се реализира воспитно – образовниот процес на учениците. Онлајн наставата во изминатиот период не даде задоволителни резултати. Поради тоа и предлагам на Владата: Да ги покачи блок дотациите на општините; Училиштара од индустриска струја да ги префрли на тарифа како за домаќунствата; Секаде каде што е можно да воведе настава во една смена или да го повлече почетокот на втората смена порано; Да одреди, според временските прилики, неколку дополнителни пократки распусти, со обврзно продолжување на училишната година во месец јуни, стои во реакцијата на Јаневска.