1 C
New York
Thursday, November 30, 2023

Buy now

spot_img

Макфест од оваа година го менува натпреварувачкиот концепт 

Макфест од годинава наместо натпреварувачки ќе има повеќе ревијален карактер, одлучија организаторите во обид на макфестовската сцена да ги вратат популарните пејачки и авторнски имиња.

Годинава ќе нема награди за освени места како што тоа беше случај во претходните години. Наместо тоа, го зголемувме износот за откуп на композициите. Со тоа сметаме дека ќе добиеме подобар квалитет на музичките имиња, велат од организациониот одбор на Фестивалот.

Годинава, публиката ќе ужива во 24 композиции, а се очекува како изведувачи да се појават и  Викторија Лоба, Ламбе Алабаковски, Лина, Лара Иванова, Тамара, Два Бона, Ален Исламовиќ и други реномирани музички имиња.

Награда е предвидена за наредната година и тоа само за најслушана песна меѓу двата фестивала, што е и единствен показател за тоа дали песните се прифатени од широката публика или не.

Инаку, новина годинава е и црвениот тепих на кој ќе се пречекуваат пејачите, со цел тие колку што е можно повеќе да се доближат да публиката.

Годинава Фестивалот ќе се одржи на 21 и 22 октомври. Средствата за негово одржување во виисина од 4,5 милиони денари се обезбедени од страна на општина Штип и спонзори.

Министерството за ултура  за единствениот фестивал на забавни мелодии во државата Макфест издвои само 400.000 денари кои како недоволни и понижувачки беа одбиени од страна на Општината.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,912FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles