Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка за набавка на опрема за производство на тутун која изнесува 4,5 милиони денари по корисник. Парите се наменети за набавка на опрема и модернизација на земјоделството. Покрај овој повик се обезбедува и поддршка за земјоделците за набавка на трактори, мандри, специјализирани комбајни за ориз и сушари, како и поддршка за изградба на силоси за што веќе се склучени 24 договори.