И во услови на голема криза пари за плати и пензии ке има , изјави министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска.
„Граѓаните да бидат спокојни, пари ќе има и за исплата на пензии и за плати. Средства за исплата на пензии, плати и надоместоците за социјална и детска заштита, се предвидени во Буџетот .
Во однос на можнистите за зголемување на пензиите Тречевска изјави дека со здруженијата на пензионери веќе е разговарано и за зголемување на минималната пензија, за што ќе се отвори социјален дијалог и ќе се креира најиздржаното решение.
„Пензионерите ги добија септемвриските пензии, зголемени за 6.8% и согласно новата методологија, усогласување на пензиите ќе има два пати во годината, септември и март. Целта на ваквото решение е воспоставување на систем за постојан раст на пензиите, нагласува Тренчевска.