НАТО активираше нова мултинационална борбена група од повеќе од 1.000 војници во Бугарија, која е поврзана со зајакнувањето на источното крило на Алијансата по руската инвазија на Украина. Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, таа е една од четирите нови борбени групи за зајакнување на источното крило на НАТО по почетокот на војната во Украина.