8.6 C
New York
Monday, February 6, 2023

Buy now

spot_img

Природа и здравје – Со народен лек до подобар имунитет

Есента пристигна, а со тоа и зголемениот ризик од настинка, особено сега кога времето се менува од час во час, што особено влијае на развојот на вируси.

Во народната медицини се препорачува  комбинацијата од куркума, ѓумбир, лимон и вода е полна со антиоксиданти и ги неутрализира слободните радикали. Исто така, овој природен препарат може да ги намали воспалителните процеси во телото и да го намали холестеролот, затоа е особено погоден за луѓе кои страдаат од ревматски проблеми.

Потребни состојки:

– 3 лимони

– мала лажичка куркума во прав

– парче ѓумбир

– 800 милилитри вода/графика/

Коренот ѓумбир во големина на палец добро измијте го со четка и ладна вода, а потоа изрендајте го на најмали парчиња. Додадете сок од три лимони и лажичка куркума, а потоа истурете 800 милилитри вода. Пијалокот чувајте го во фрижидер и не го цедете.

На првиот ден, пијте 300 милилитри наутро, по можност пред појадок, и 100 милилитри навечер. Следниот ден, повторете ја постапката според истата шема. Потоа направете нова количина од пијалакот и пијте во следните два дена.

Луѓето кои страдаат од артритис, и немаат висок крвен притисок, можат да го зајакнат имунитетот со овој пијалок доколку го пијат еден месец во континуитет. Исто така, ќе ја елиминира болката во зглобовите благодарение на состојките од ѓумбир, кои имаат корисен ефект врз ревматските проблеми.

Ако имате висок крвен притисок што го регулирате со лекови, не консумирајте го овој природен пијалок.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,701FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles