Во петокот во Александрополис воз со НАТО тенкови и контејнери со непозната содржина излетал од шините. Инцидентот се случил кога возот бил на станицата. Превезуваше тенкови, оклопни возила и контејнери кои неодамна беа истоварени во пристаништето од американскиот транспортен брод Едуранс за американската армија. Опремата треба да биде испорачана во источноевропските земји на НАТО, поблиску до границите со Русија, пренесуваат грчките медиуми.