Без голема еуфорија, за Нова Година се подготвувата и градоначаланиците од регионот. За повеќето од нив, ова е време кое ќе можат да го посветат на семејствата .
Засега, некаков вид на прослава ќе организира само Македонска Каменица, па тамошниот градоначалник планира да биде на градскиот плоштад.
Иако е Нова Година, сепак, и таа за многумина најлуда ноќ, не е без обврски за оние кои ги водат општините. Додека се на функција, одмор и пауза нема, тврдат дел од градоначалниците.
Со идентични ставови се и останатите градоначалници од Регионот, но сепак, време да ги променат плановите се уште имаат.