Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу познати билки. 100 гр кисела зелка содржи дури 20 мг Витамин Ц, витамин А, фолна киселина, магнезиум, фосфор, калциум, калиум, натриум и протеини.
Одличен извор на витаминот Б12, затоа се препорачува на вегетаријанци и вегани.
Тоа што ја прави киселата зелка различна од сировата се пробиотичните сировини. Киселата зелка е оригинална ферментирана храна богата со пробиотични култури, но многу е важна за дисбалансот на цревната флора , особено по терапија со антибиотик или хемотерапија.
Киселата зелка го забрзува заздравувањето на рани , а делува и кај реума и воспаление на вените. Локално може да се користи за ублажување на чешањето од различни алергиски воспаленија , мали изгореници, убоди од инсекти, особено пчела или оса.
На погоденото место ставете ја облогата и завиткајте со завој или газа. Ако имате главоболка , на челото ставете лист кисела зелка , луѓето кои консумираат многу кисела зелка се посилни и поотпорни на болести.
Поради тоа киселата зелка особено се препорачува за постари лица , лица со слаб имунитет и деца.