Утре во салата на ОУ Тошо Арссов, по ракометната средба помеѓуТекстилец- ШАМПИОН, закажана за 13.00,а во рамките на Првата македонска ракометна лига, ќе се одржи традиционалната средба на ракометните генерации, 14,30 часот.
Познато е дека во изминатите години од Штип излегоа многу познати ракометни имиња како што се и репрезентативците на Македонија, Влатко Митков и Мартин Поповски. Освен тоа, дел од овие имиња беа и во најтесниот избор на најдобрите спортисти на градот. Најважно е што една традиција во ваква форма доследно се почитува.