Новата анкета на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт за Северна Македонија покажува незадоволство од насоката во која се движи земјата, силна поддршка за членството во Европската Унија (ЕУ) и зголемување на позитивните перцепции за Кина и за Турција.
На прашањето за насоката на движење на земјата, само 13% од македонските граѓани одговориле дека земјата се движи во вистинска насока, додека 58% одговориле дека се движи во погрешна насока. Дваесет и осум проценти од испитаниците биле неутрални.
На прашањето „Ако утре се одржат парламентарни избори, за која партија би гласале“ за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19%, за СДСМ – 11%, за ДУИ – 7%, за Левица – 6%, не би гласале 12%, а не знаат за кого би гласале 21%.
На прашањето „Кој е омилен политичар“ 7% добил Никола Груевски, 6% Христијан Мицкоски колку и Али Ахмети, а Димитар Ковачевски има 5%. Зоран Заев има 2% исто колку и Бранко Црвенковски, а за „Ниеден“ се изјасниле 38%.