Дизелот и екстра лесното масло за горење поскапуваат за 0,50 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според одлуката дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се порадва по цена од 79 денари за литар. Малопродажните цени на бензините „еуросупер“95 и „еуросупер“98 не се менуваат, односно ќе се продаваат по цена од 76, односно 78,50 денари за литар.