Нама промени во начинот на погребување во Брегалничката Епархија. Ова го појаснија од Епархијата откако архиепискотот г.г. Стефан, го прифати барањето на Скопската епархија за одлагање на верските обреди пи погреби на Св. Никола, Божик и велигден, но и за некои викенди.
Досега во Епархијата немаме добиено никаков официјален документ за промена на начинот на погребување. Доколку таков документ добиеме, верниците ќе бидат навремено известени, појаснуваат од Епархијата.
Инаку, од оваа година, поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан ги забранил црковните погреби за време на празнувањето на Свети Никола. Починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат со црковните обреди во вторник, верниците ќе треба да ги одложат погребите и за време на Божиќ и Велигден.
Измените се однесуваат за Скопската епархија, а од управата на Градските гробишта „Бутел“ појаснуваат дека забраната се однесува на верските обреди поврзани со погребите, а не и на самиот чин на погребување. Доколку некој реши, погреб може да се организира, вклучително со изложување на починатиот во капела, но нема да има свештеник.