Една година од преминувањето во рацете на работниците, текстилната фабрика Ва Бо од Штип функционира добро. Зголемено е производството, платите , а исплатен е и К 15, велат одговорните:
Зад себе имаме една успешна година. Успеавме да најдеме заедничка цел со колегите, да ја зголемиме продуктивноста, а со тоа и платите. Ги задржавме старите партнери на фирмата и ја продолживме успешната соработка“, изјави за ТВ Стар менецерскиот тим, Тања Николова и Дарко Роглев.
Низ бројки 120-те вработени во „Ва Бо“, годинава произвеле 120.000 пантолони и 60.000 кошпули, што досега е рекордно производство .
Успешното работење на вака трансформираната компанија , за Синдикатот е добар пример:
Она што дополнително дава перспектива на фабриката е обезбедената работа за наредната сезона, со што се гарантираат плата и социјална стабилност.
Најголемиот предизвик, сепак, и понатаму останува цената на енергенсите која е неколкукратно повисока и влијае на зголемување на производните тропшоци и тоа е она, со кое тимот кој раководи со „Ва Бо“, во наредниот перод мора да продолжи да се справува.