Болни бездомни кучиња и понатаму удобно се сместени во влез на станбена зграда во нас 8-ми Ноември. Иако пред еден месец, станарите побарале нивно заловување и отстранување од влезот, тие и понатаму не се дислоцирани ниту сосдветно третирани. Уште еднаш, преку ТВ Стар ги потсетуваат надлежните да мислат на здравјето на станарите и да ги отстранат кучињата од пред вратите на нивните станови.