15.9 C
New York
Friday, September 29, 2023

Buy now

spot_img

Намалувањето  на цената на електричната енергија за малите потрошувачи е сигурно, ветува министерот за економија Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши уште еднаш потенцираше дека сите напори на Владата се во насока на тоа да нема драстично зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата.

Според него, речиси е сигурно дека ќе има намалување за малите потрошувачи – за микро и малите компании, посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Веќе се стабилизираат цените за електрична енергија и за природен гас на светските берзи. Тоа дозволува ние да можеме да интервенираме за да бидат поконкурентни нашите микро и мали компании не само на нашиот пазар, туку и во регионот и пошироко, рече Бектеши.

Според него, веќе се обезбедени средства за тоа, а вчера помина и акцискиот план со поддршка на Европската Унија кои се очекуваат  кон средината на јануари да пристигнат.

Носењето на конечната одлука за цената на електричната енергија на регулираниот пазар по 1 јануари е работа на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги која веќе ги прави пресметките.

Не сакам да кажам дека не ги знам податоците, но не би сакал пред РКЕ да излезам со конечните податоци. Секако дека ги знаеме и јас и премиерот и други членови на Владата, појасни Бектеши.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,874FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles