Вработените во Општина Делчево за прв пат добија колективен договор потпишан од претседателот на УПОЗ, Трпе Дејановски и претседателката на општинската синдикална организација Ивана Ивановска.
Со договорот се опфатени усогласување на платите со порастот на минималната плата, редовна исплата на регресот за годишен одмор, исплата на јубилејни награди, како и други права од работен однос на вработените во Општина Делчево.
Секогаш застанувам на страната на работниците и нема да се согласам со кршење на нивните права утврдени со закон, напротив, следејќи ги насоките од Владата и законските регулативи, работам во насока, работникот да биде почитуван и мотивиран, истакна Горан Трајковски градоначалник на општина Делчево.
Примената на колективниот договор ќе започне на 1 јануари 2023 година.