Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека во фаза на расчистување е случајот со пријавите за бомби во Делчево.
Во изјава за медиуми дадена во Куманово, министерот Спасовски рече дека во борбата против хибридните закани потребен е заеднички одговор.
Според Спасовски, важно е да се градат материјалните и човечките капацитети во институциите за да може да се спречат ваквите хибридни напади.