Вкупно 30 студенти кои ги исполнуваат условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање, ќе бидат стипендисти на Општина Кочани за студиската 2022/23 г. Според Комисијата за доделување на студентските стипендии, на Конкурсот пристигнале 35 пријави. Од нив 17 студенти добиле стипендија за постигнат висок успех во студирањето, осуммина се од социјално загрозени семејства и петмина студенти се од медицински науки. Стипендиите со месечен износ од 3 илјади денари ќе се доделуваат за период од десет месеци за студиската 2022/23 година.