21, 5 милиони евра од бараните 42,4 грчката компанија Елпет треба да наплати од Македонија, по ресуда на Арбитражниот суд во Париз, потврди денес владиниот советник за енергетика Виктор Андонов.
Одлуката е донесена поради неисполнети ибврски на Македонија врз основа на договор со Окта од 1999 година за откуп на најмалку 500 000 тони мазут годишно, објасни Андонов.
Во однос на производствениот билансот на струја од домашно производство, Андонов изнесе дека тој е подобар за 26%.
Со ова производство, изјави владиниот советник, целосно се задоволени потребите на домакинствата и малите потрошувачи .