Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат. Бугарија е на дното на рангирањето – за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра. Просечниот годишен приход по лице во Европската унија е околу 33.000 евра.