Горан Здравков, е нов шеф на стручниот штаб на Брегалница.42-годишниот Здравков го презема кормилото на Брегалница по крајот на есенскиот дел од сезоната 2022/23, како наследник на Илчо Ѓорѓиоски.
„Се одлучивме довербата да го предводи тимот да ја дадеме на едно од најголемите имиња на штипскиот фудбал како начин токму и во својот дом, во клупската средина од која потекнува, Горан Здравков да започне и успешна тренерска кариера. Брегалница продолжува по својот пат на изградба на клуб кој долги години ќе биде сериозен македонски прволигаш, поставувајќи нормативи за начин на функционирање на тимот. Во таа насока е и овој избор за нов шеф на стручен штаб“ – истакнува првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов.