Вкупниот износ на субвенциите за електрична енергија во јануари за домаќинствата и бизнисите во Грција изнесува 840 милиони евра, износ двојно поголем од декември, рече министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас презентирајќи ги новите мерки за поддршка на граѓаните за месец јануари.Скрекас посочи дека најголем дел од средствата се од оданочувањето на зголемените приходи на компаниите за производство и снабдување со електрична енергија.