За три пати е зголемен буџетот наменет за поддршка на граѓаните за плаќање на сметките за струја , но и за инвестиции во обновливи извори на енергија .
Вкупно за овие две програми, од Министерството з аекономија, наредната година ќе бидат потрошени 3,2 милиони евра.
Проширување има и во програмата за поддршка на инвестиции со кои се зголемува енергетската ефинаксност на објектите или се инвестира во обновливи извори на енергија.
За првпат оваа година , ќе се субвенционираат приклучоци за снабдување со гас, онаму каде што има можност и изградена мрежа за тоа, а ќе се поддршат и инвестиции во фотоволтаици.
Вкупниот буџет на Министерството за економија догодина ќе изнесува 19 мил евра . истиот, според образлагачите се темели на развојни програми со развојни мерки чија цел е во оваа економска енергетска криза да овозможат поддршка за граѓаните како и одржливост и конкурентност на компаниите.