Лице со телесен инвалидитет од Делчево и покрај уредно платен билет за паркинг пред клиника во Скопје, добил блокатор на возилото и платил казна.
Иако уредно се паркирав на местото означено за лица со хендикеп и платив за времетраењето на користење на паркингот, кога требаше да си го земам возилото ме пречека блокатор и казна од 3. 000 денари, објаснува делчевецот.
Фискалните сметки за платен паркинг како доказ не помогнале, па дури и грубо му било кажано дека ако не го тргне возилото веднаш, казната ќе биде уште поголема, заштои бил член на Здружение за телесни инвалиди но со седиште надвор од Скопје и поради тоа, не можел да го користи посочениот паркинг.
Додека со паркинзите на клиниките стопанисувал приватник, лицата со телесен инвалидитет не само од Скопје, туку и од останатите градови биле ослободени од плаќање. Во моментот, правилото важи само за тие што имаат електронска картица и по жителство и лична карта се од Скопје, објаснуваат од Сојузот на телесни инвалиди на Македонија.
За случајот делчевецот најавува покренување на судска постапка.