До крајот на неделава ќе се знае новата цена на струјата. Сите компании веќе ги доставиле пресметките до Регулаторната комисија за енергетика која истите треба да ги разгледа и да ја формира цената.
Доколку се прифатат сите барања на компаниите, можно е покачување на струјата до 4 % без ДДВ, појасни Бислимовски.
Иако првично беше најавена можност за корекција во вториот и третиот тарифен модел, Од Регулаторна информираат дека промени во терифните модели и во евтината струја нема да има.
Од друга страна, не постои можност да с евоведат тарифни модели и за малите потрошувачи.
Инаку, во изминатата недела, повеќе владини министри како и самиот премиер, неколку пати истакнаа дека драстично покачување на цената на електричната енергија , како и ценовни шокови за граѓаните ќе нема.