КФОР денеска соопшти дека го истражува инцидентот што се случи вчера во непосредна близина на патролата на КФОР во областа Зубин Поток, како и дека планира да разговара со сите страни. Оттаму соопштија дека во инцидентот во реонот на Зубин Поток учествувале непознати вооружени лица, како и дека нема повредени или материјална штета, но дека се работи на утврдување на фактите.