Од денеска почнува аплицирањето за кредитната линија на Развојната банка за обртни средства за компании погодени од енергетската и ценовната криза. Може да аплицираат микро, мали и средни компании, како и трговци поединци и занаетчии заклучно до 9 јануари. За оваа намена вкупно се обезбедени 300. милиони денари. Минималниот износ е 184.500 денари, а максималниот 1,8 милиони денари.