Грција е меѓу неколкуте земји во Европската Унија, кои максимално го користат трендот на работа од далечина, сега нудејќи и посебни визи за луѓе кои работат од далечина. Имено, слично како Италија, Португалија и Хрватска, и Грција отпочна програма со којашто и овие вработени тн. „дигитални номади” ќе можат легално да живеат и работат во земјата.