Малите бизниси и занаетчиските дејности ке се организираат против власта да им воведе данок на добивка. Најголемиот дел од овие компании не остваруваат промет од три милиони денари на годишно ниво и се ослободени од оваа давачка. Сега државата планира тоа да го укине и да им воведе данок на добивка.
Занаетчиите и малите бизниси стравуваат дека ќе бидат приморани да стават клуч на врата доколку имаат дополнителни трошоци. На Владата и остануваат само уште неколку дена за да се откажат од оваа намера.
„Се плашам дека оваа новина ќе потикнува се повеќе работа во кеш, и ќе потикнува се помалку дигитални плаќања преку финансиски инструменти. Самиот приход кога е оданочен тогаш навистина носи проблем, односно без оглед на образложението кои можеби ќе следи а можеби нема дека на тој начин ќе се воспостави подобра контрола, изјави Миле Бошков претседател на Бизнис Конфедерацијата.
Малите бизиниси во просек не парават повеке од 2 милиони денари годишно затоа што нивните оптоварувања се преголеми.
Над 50 илјади мали фирми кои се поврзани со занаетчиски дејности ќе бидат погодени од овие оптоварувања и ќе мора да изберат дали ќе платат 10 отсто данок на остварена добивка или 1 отсто данок на вкупниот промет. Многу од нив ќе преминат во сива економија, а некои ќе бидат принудени да ги затворат .“ вели Јелена Спасова Генерален директор на Занаетчиска Комора.
Од Сојузот на стопански комори велат дека доколку бидат усвоени измените на Законот за данок на добивка ќе се удри по најранливите категории на фирми, оние кои секој месец се борат да ја одржат ликвидноста.